Најважно во 17 ч, 19 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 17 часот.

Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци — отвора на Фактор

Мајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се…

Почна санацијата на влезот во Старата скопска чаршија, искршените плочки се заменуваат со травертин — отвора на Нова Македонија

На влезот во Старата скопска чаршија почна замената на искршените плочки со нови плочи од травертин, соопшти Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук. Според него, санацијата ќе ги опфати сите оштетени делови на влезот. Ѓорѓиевски посочи дека повеќе граѓани му пишале за состојбата на плочките и укажале дека влезот во Чаршијата, едно од првите места ...

Александар Чупиќ10 настани · 34 извештаи

Александар Чупиќ избран за претседател на Собранието на Србија — отвора на Проверено

Српското Народно собрание на денешното трето продолжение на конститутивната седница за свој претседател го избран Александар Чупиќ, предложен од Пратеничката група на Студентската листа. На поединечното јавно гласање за изборот на Чупиќ се изјаснија 140 пратеници, додека за неговиот противкандидат Стојан Раденовиќ од Српската напредна партија (СНС) гласаа 97 народни избраници. Двајца пратеници…

„Сејф Сити” му донесе светска награда на Тошковски – Признанието врачено во Дубаи — отвора на Press24

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дубаи ја прими меѓународната награда „Excellence in Road Safety“ за проектот „Безбеден град“, на свечената церемонија World Police Summit Awards 2026, во рамки на Светскиот полициски самит. Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско…

Џинпинг87 настани · 186 извештаи

Трамп, Путин и Шји објавија заедничка „декларација кон мирот“ — отвора на Нова Македонија

Претседателите на САД, Русија и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џинпинг, се согласија за мировна декларација на трилатералната средба во Шенжен. Во документот, според Ројтерс, тројцата лидери потврдија дека нуклеарна војна никогаш не треба да се води. Лидерите се заложија и за реформи во Обединетите нации, поголемо снабдување со нафтени деривати и почитување ...

Полициска акција во „Макстил“: Под лупа почвата и суровините по сомнежи за еколошки криминал — отвора на Скопје1

Полиција влегла во просториите на македонскиот производител на челик „Макстил“, полициски службеници вршат проверки на примероци од почва и одредени суровини поради сомнежи за можни кривични дела од областа на еколошкиот криминал, дознава „Скопје1“.Од МВР за „Скопје1“ информираат дека активностите ги спроведува Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по добиени оперативни…

Од утре до понеделник се затвора дел од автопатот Солун – Евзони, сообраќајот ќе се пренасочува — отвора на Фактор

Поради изведување градежни работи, дел од автопатот од Солун кон граничниот премин Евзони/ Богородица кон нашата земја, од утре наутро до понеделник напладне целосно ќе биде затворен и во двата правци, а сообраќајот ќе се одвива по стариот автопат, јави дописничката на МИА од Атина. Од регионална полициска управа од северна Грција информираа дека „од петок (20 ноември 2026 година) во 8.00 часот…

Приказна4 настани · 23 извештаи

Се запали автомобил на паркингот во К-мол – посетителите бегаа без протокол за евакуација — отвора на Антропол

Очевидци нѐ известија дека во трговскиот центар К-мол во населбата Ѓорче Петров, имало пожар откако еден автомобил се запалил во подземната гаража. Чадот предизвикал паника меѓу посетителите во молот, кои панично почнале да бегаат надвор, без да бидат водени од вработените во објектот, коишто би требало да го следат протоколот за пожари, велат очевидците што ...

Крива Паланка32 настани · 111 извештаи

Членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ имаат акциски план за проблемот во кравите во Крива Паланка. Бараат да се свика вонредна седница — отвора на Плусинфо

Училиште во Охрид пријавило семејно насилство: Мајка осомничена дека ја малтретирала 11-годишната ќерка — отвора на Press24

Основно училиште во Охрид вчера во 11:30 часот во СВР Охрид пријавило дека 11-годишна ученичка од училиштето била физички малтретирана од нејзината мајка во семејниот дом. Според пријавата, случајот се случил на 18 ноември 2026 година, а бил регистриран во охридската полиција во претпладневните часови. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување ...

Над 3.400 стада ќе добијат заштита од сипаници, вакцините се донација од ЕУ — отвора на Скопје1

Во Источниот плански регион почна масовната вакцинација на овците и козите против сипаници, како дел од итната кампања за спречување на ширењето на болеста. Вакцината е од турско потекло, а целата количина е обезбедена како донација од Европската Унија.Според планот, со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада, односно 438.042 животни во осумте региони во Македонија. На 19 ноември се…

Нова струка во Скопје: Во „Владо Тасевски“ започнува обука за специјалисти за мехатроника на камиони — отвора на Скопје1

Нова образовна можност за специјализација во областа на мехатрониката на камиони и тешки товарни возила започнува во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. Првата група од 15 учесници денеска ја започнува обуката, која треба да одговори на потребата на пазарот на труд од стручен кадар во оваа област.Програмата е развиена во соработка меѓу Министерството за образование и наука, Агенцијата…

УКИМ7 настани · 32 извештаи

Јаневска: Со ребаланс на буџетот ќе се плати и струјата за УКИМ — отвора на Независен весник

Електрична енергија на УКИМ има. Точно е дека има долгови за електрична енергија, меѓутоа, вчера, во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме – изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Некои од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и зградата на Ректоратот вчера немаа електрична енергија поради неплатени ...

Алта банка422 настани · 1509 извештаи

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа — отвора на Скопје1

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ја обвини СДСМ дека шири невистини за работењето на „Алта банка“ и дека сега избегнува да продолжи со надзорната расправа за случајот. Манасиевски изјави дека опозициската партија претходно пласирала тврдења за наводна забрана за работа на банката во Европската Унија, нејзина неликвидност и можност за пропаѓање.Според…

Под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“ во сабота граѓаните во Охрид излегуваат на протест против насилството врз жените — отвора на Скопје1

Со порака дека е доста од молчење, оправдувања и институционално непостапување, во Охрид за 21 ноември е најавен мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство.Протестот ќе се одржи во сабота, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“. Повод за собирот се загриженоста и револтот поради насилството врз жените, но и неодамнешниот случај што ја…

Битиќи: Владата планира задолжување од две милијарди евра — отвора на Press24

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисиската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, нагласи дека претставувањето на планираното задолжување од 125 милијарди денари за следната година, како враќање на долгови наследени од претходната власт е уште еден обид на Владата да манипулира со фактите. Битиќи појасни дека и во самиот Предлог буџет јасно се ...

Владата досега пласирала 242 милиони евра за поддршка на домашните компании, префрлена нова транша кон Развојната банка — отвора на Независен весник

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии. Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. ...

Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија — отвора на Мета.мк

Росица4 настани · 31 извештаи

Штерјова: За Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници – Тошковски да си поднесе оставка! — отвора на Фокус

„Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во...

Самит FutureX 2026 – Што значи да се биде подготвен за иднината — отвора на Проверено

Под мотото „Што значи да се биде подготвен за иднината? во Скопје ќе се одржи FutureX Summit 2026 во организација на Институтот за комуникациски студии. Во фокусот ќе биде вештачката интелигенција и појавата на нови професии и како образованието може да им помогне на младите да носат одлуки за својата иднина кога вештините што ќе ...

Бит Пазар7 настани · 13 извештаи

Малолетничка била допирана од повозрасно лице во Битола — отвора на Скопје1

Татко од Битола пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била недолично допирана од повозрасно лице во градот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 19 ноември, околу 20:45 часот. Случајот бил пријавен половина час по полноќ во СВР Битола, од страна на 38-годишниот татко.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полицијата ги засили контролите на автобуси и камиони, под лупа и училишниот превоз — отвора на Фактор

Сообраќајната полиција до 22 ноември спроведува засилени контроли на автобуси и товарни возила. Акцијата почна на 16 ноември и е дел од меѓународната акција „Truck & Bus“ на Европската мрежа на сообраќајни полиции (ROADPOL). Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата проверува дали возилата се технички исправни и дали ја имаат потребната безбедносна опрема. Посебно внимание…

Поранешен тренер на Горан Пандев кандидат за нов селектор на Македонија!? — отвора на Спортманија

Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е новото име кое се споменува како можен нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми. Некогашниот тренер на Галатасарај веќе официјално започнал преговори за преземање на селекторската фотеља во нашата сениорска селекција, ако е точно тоа што го најавуваат турските медиуми. Хамзаоглу беше тренер во турскиот гигант…

Бугарија одобри нацрт-протокол за целиот тунел „Деве Баир“, околу 1,2 километри се предвидени во Македонија — отвора на Фактор

Бугарската влада на 18 ноември одобри нацрт-протокол со кој се предвидува Бугарија да ја организира изградбата на целиот железнички тунел „Деве Баир“, вклучително и на делот во Македонија. Тунелот треба да ги спои железничките мрежи на двете земји меѓу Крива Паланка и Ѓуешево, на трасата Скопје – Софија. Кабинетот во Софија го одобри документот „како основа за водење преговори“. Според владиното…

21-годишна девојка тешко повредена откако со автомобил се превртела на патот Куманово – Свети Николе — отвора на Скопје1

Дваесет и едногодишна девојка од кумановското село Љубодраг се здобила со тешки телесни повреди откако автомобилот што го управувала излетал од коловозот и се превртел на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 18 ноември, околу 8 часот наутро. Девојката управувала патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.Повредената била…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки — отвора на Скопје1

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на играчите им нуди можност за освојување вредни парични добивки преку едноставна и динамична игра. Освен атрактивниот дизајн инспириран од овошни мотиви, лозот се издвојува и по можноста за повеќекратно зголемување на добивките преку специјални симболи.Фондот на добивки содржи 10 премии од по 400.000 денари, како и 20 добивки од по 50.000 денари.…

Приказна7 настани · 13 извештаи

Voyager 1 ја премина границата од еден светлосен ден и влезе во историјата — отвора на Кајгана

Voyager 1 ја премина границата од еден светлосен ден и влезе во историјата Александра Спасеска 18.11.2026 / 11:38 Вести Вселенското летало Voyager 1 на НАСА е денеска во 11:16 часот стана првиот објект направен од човек, кој е оддалечен еден светлосен ден од Земјата, односно околу 25,9 милијарди километри. Според пресметките на НАСА, леталото ја преминало границата во 11:16:07 часот по…

„Борбата со бандите не е меѓуетничка борба, криминалот не познава нации“, вели градоначалникот на Бутел Костовски — отвора на Скопје1

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, порача дека нема да отстапи од борбата против криминалот и урбаната мафија, обвинувајќи одредени политички партии дека се под влијание на криминални структури кои се обидуваат неговите активности да ги претстават како меѓуетничка пресметка.Костовски тврди дека неговата борба е насочена против сите што го нарушуваат јавниот интерес и зелените…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Во Центар отворена хуманитарна паркинг-зона: Парите од паркирањето ќе одат за хуманитарни цели — отвора на Кајгана

Во Центар отворена хуманитарна паркинг-зона: Парите од паркирањето ќе одат за хуманитарни цели Филип Здравески 19.11.2026 / 12:35 Македонија Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), заедно со Општина Центар и Црвениот крст – Општинска организација Центар, денеска, 19 ноември, официјално ја отвори хуманитарната Зона H. Зоната опфаќа посебно обележани…

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана, а влезот во ЕУ да се издигне на ниво на национална безбедност — отвора на 360 степени

Според него, забрзувањето на евроинтегративниот процес и намалувањето на овој јаз повеќе не се само прашање на...