Архива: 20 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет” — отвора на Press24

Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до родителите, старателите и наставниците за опасноста од онлајн групата „764“, чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, ги манипулираат и ги принудуваат на опасни и насилни дејствија. Од МВР посочуваат дека станува збор за насилна онлајн заедница која користи социјални мрежи, апликации за комуникација и ...

„Скокна” синдикалната кошница: Колку пари му требаат на едно семејство за преживување? — отвора на Press24

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што е зголемување за 469 денари во споредба со октомври, кога изнесувала 70.358 денари. Дополнително, за семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства достигнуваат 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет и овој месец оди за ...

Пожар во болницата „8-ми Септември“, во тек е евакуација на пациенти — отвора на 4NEWS

Две години, 920 денари камата на вложени 10.000 – како да се запише граѓанска обврзница? — отвора на Пари

Просечната плата се доближи до 50.000 денари, но не стига за минималната синдикална кошничка — отвора на Bloomberg Adria

Приведени две малолетнички, кои во Центар малтретирале и снимале друга малолетничка — отвора на Независен весник

Малолетнички малтретирале друга малолетничка во Центар, а притоа и снимале со мобилен телефон. Вчера, во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, ...

Зголемен бројот на заболени од грип — отвора на Нова Македонија

Од 9 до 15 ноември, во 46-тата недела од годинава, во земјава се пријавени 154 случаи на грип и заболувања слични на грип. Тоа е за 37,5 отсто повеќе од претходната недела, кога биле пријавени 112 случаи. Во истата недела од минатата сезона биле регистрирани 117 случаи, што значи дека годинава бројот е повисок за ...

Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение — отвора на Инфомакс

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 ...

За смртта на Кристијан Љушев во Охрид ќе одговараат две фирми и две лица, оти го држеле “на црно” и без никаква заштита на работа — отвора на Скопје1

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог против две физички и две правни лица поради смртта на работникот Кристијан Љушев, кој на 12 јануари паднал во лифтовско окно во зграда во изградба и починал на самото место.Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, предизвикување општа опасност, повреда на правата од работен однос и непреземање мерки за заштита…

АМСМ со важно известување за возачите. Каде има пренасочувања, работи и затворени делници — отвора на Национално

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15 ноември 2026 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски ...

Уапсен 28-годишен скопјанец бидејќи го запалил возилото на мајка му - се заканувал дека ќе го запали и станот — отвора на Скопје Инфо

Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(28) од Скопје. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

Луфтханза планира укинување на околу 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен — отвора на 4NEWS

Ристов: Струјата од Нова година најверојатно ќе поскапи за 2 до 3 отсто — отвора на 360 степени

Цариниците спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол, забранета за увоз — отвора на Фокус

И Министерството за економија измери раст на цените, но засега нема мерки — отвора на Проверено

Зголемување на месечните трошоци бележи и Министерството за економија кое денеска излезе со податоци за октомври, но засега не планира да интервенира со мерки. Пресметките на Министерството за октомври покажуваат дека просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6 отсто. Најголемо зголемување има кај ...

Македонија против Кипар во баражот за место во Лига Б — отвора на Спортманија

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби Кипар за противник во баражот за место во Лига Б од Лигата на нации. Првиот меч е 25, 26 или 27-ми март и Македонија ќе гостува, а реваншот е во Скопје на 28, 29 или 30-ти март. Кипар до овој бараж дојде како второпласиран во групата во која убедливо ...

Арсовска повторно го обвини Ганиу за криминал и посочи спорна легализација на зграда од пет милиони евра — отвора на Скопје Инфо

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, во објава на социјалните мрежи тврди дека Висар Ганиу поднел тужба за клевета против неа, бидејќи го нарекла криминалец. Во истата објава, Арсовска повторно изнесе обвинувања за наводни незаконски легализации и побара одговорност од надлежните институции.

Две ракети и еден дрон паднаа во Полска за време на големиот руски напад врз Украина — отвора на Сакам да кажам

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Обука за македонските здравствени работници во Едрене — отвора на Press24

Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години. Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот ...

Д-р Димитар Ангелевски е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат — отвора на Сакам да кажам

Д-р Димитар Ангелевски е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Д-р ...

Болницата „8 Септември“ се огласи по пожарот, нема повредени и штетата е мала — отвора на Скопје Инфо

Пожарот што денеска избувна на Одделението за ортопедија и трауматологија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е изгаснат, а сите пациенти и вработени се безбедни. Од болницата информираат дека навремено реагирале и организирале евакуација, по што пожарот бил локализиран без сериозни последици.

Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања — отвора на Журнал

Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности. Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите. Воедно, сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во ...

До 200.000 евра казни за нефер трговски практики, најави Дурмиши — отвора на Независен весник

Десеткратно повисоки казни, во висина и до 200.000 евра, предвидуваат измените на Законот за нефер трговски практики, што треба да бидат донесени идната година. Како што рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, Законот се применува веќе десет месеци и има влијание, но не колку што било очекувано. -Измените се работат со сите надлежни институции ...

Николоски: Ќе се реконструира регионалниот пат Струмица -Валандово — отвора на Press24

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт ...

Унгарија го повлекува ветото: Украина и Молдавија добиваат зелено светло за продолжување на преговорите со ЕУ — отвора на ТРН

Унгарската блокада на европскиот пат на Украина и Молдавија се приближува кон крајот. Будимпешта денеска ги повлекува приговорите за отворање на последните два преговарачки кластера, потврдиле дипломатски извори. Со тоа на двете земји им се отвора можноста да ги започнат преговорите за сите области од членството во Европската Унија, објави „Еуроњуз“. Одлуката била најавена од ...

Руски ракетен напад врз мостовите во Киев – тројца загинати — отвора на Фокус

„Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата“, вели Мециновиќ — отвора на Скопје1

„Влада крвник на сопствениот народ“ – со овие зборови пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, го критикуваше односот на власта кон работниците, посочувајќи дека минималната плата не е зголемена три години, додека интересите на крупниот капитал остануваат заштитени.Одговарајќи на новинарско прашање за новоусвоената Резолуција за миграциска политика за периодот 2026–2030 година, Мециновиќ рече дека…

Пријавиле индустриска, а увезувале нејодирана сол: Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони — отвора на Скопје1

Царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј внес во земјава е забранет. Неправилноста била откриена при контрола на пратка пријавена како индустриска сол, за која увозникот, инаку производител на храна, доставил изјава дека ќе се користи исклучиво за индустриски цели.При проверката, царинските службеници утврдиле дека станува збор за нејодирана сол, а не…

Во Полска е откриен првиот споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома — отвора на еМагазин

Новогодишна кампања на Телеком: „Времето лета. Направете место за вистинско поврзување“ — отвора на Конект

Новогодишните празници ги собираат луѓето на едно место, но самото собирање не секогаш значи дека сме вистински присутни еден за...

По секоја пријава за семејно насилство, МВР веднаш ќе го известува Обвинителството — отвора на Скопје1

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите се главните цели на новите мерки договорени меѓу Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика.На работен состанок во Јавното обвинителство, јавниот обвинител Ненад Савески, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална…

Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот — отвора на Press24

Православните верници утре, 21 ноември, го одбележуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Овој празник е посветен на Светиот Архангел Михаил и на сите небесни сили, а во православната традиција има посебно место како ден на духовната заштита, верата и борбата против злото. Свети Архангел Михаил се смета за предводник на ...

Можно ограничување на маржите на основните прехранбени производи: Владата ќе ја разгледува мерката — отвора на Нова Македонија

Владата би можела да воведе нови мерки за контрола на цените на основните прехранбени производи, меѓу кои и ограничување на трговските маржи. Оваа можност ќе биде разгледана на владина седница доколку надлежниот сектор достави конкретен предлог, најави министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој денеска, на брифинг со новинарите, посочи дека состојбата со цените се следи ...

Дефект на приклучна цевка, без вода улицата „Славејко Арсов“ — отвора на Проверено

Граѓанска блокада пред Владата денеска во 13 часот против фемицидите и неказнивоста — отвора на ТРН

Активистките и граѓаните денеска, 20 ноември, во 13:00 часот ќе ја блокираат улицата пред Владата на Република Северна Македонија на мирен протест против серијата фемициди и системската неказнивост. Повикот го упати неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ заедно со Платформата за родова еднаквост, откако за неполни три месеци во земјава беа убиени осум жени. Организаторите ја ...

Десет години по Брегзит, ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги подобрат односите — отвора на Бизнис вести

Највисоките претставници на Европската Унија денеска во Брисел ќе се сретнат со британскиот премиер Енди Барнам, во обид да ги подобрат односите десет години по референдумот на кој Велика Британија гласаше за напуштање на Унијата, пренесе ДПА. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Барнам се очекува ...

Соседите најдоа бакар, нашиот во Иловица не се користи. Екологијата не е нужно полоша во рударските места, а животниот стандард е подобар — отвора на Плусинфо

Вештакот во случајот „Ристов“: Посочи можност за контаминација со туѓа ДНК, поради непочитување на процедурите — отвора на Нова Македонија

Со сведочење на вештото лице од областа на криминалистиката, Атанас Козарев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за прикривање имот. Козарев во судницата посочи дека при претресот во домот на родителите на Ристов во Неготино, извршен на 18 јануари 2026 година, не биле ...

Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе — отвора на Либертас

Во неговото возило бил пронајден пиштол за кој немал дозвола. Според извори на Раководител во „Комунална хигиена“ им се заканувал на вработените со пиштол, полицијата го приведе. Според информации добиени од извори на Порталикс, лицето со иницијали Л.Б., кое раководи со сектор во ЈП „Комунална хигиена“, подолг период им упатувало закани на вработените. Случајот кулминирал ...

Синдикатите во Италија повикаа на генерален штрајк – планирани се 100 демонстрации — отвора на Бизнис вести

Синдикатите во Италија организираат штрајк на национално ниво против десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони и нејзините буџетски политики, во услови на растечки трошоци за живот. Синдикалната конфедерација ЦГИЛ ги повика работниците во јавниот и приватниот сектор да ја прекинат работата во текот на целиот ден. Планирани се околу 100 демонстрации и собири низ целата ...