Најважно во 10 ч, 20 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет” — отвора на Press24

Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до родителите, старателите и наставниците за опасноста од онлајн групата „764“, чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, ги манипулираат и ги принудуваат на опасни и насилни дејствија. Од МВР посочуваат дека станува збор за насилна онлајн заедница која користи социјални мрежи, апликации за комуникација и ...

Приказна7 настани · 45 извештаи

Продолжува разгледувањето на амандмани на Предлог-буџетот за 2027 — отвора на Проверено

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Поднесени се вкупно 300 амандмани од кои дел се веќе разгледани. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени оценки за економските проекции во Предлог-буџетот, за јавниот долг и за планираните капитални инвестиции. Вкупните приходи се проектирани на ниво ...

Митрески: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните — отвора на 24 Инфо

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, укажа дека 51 милион евра од парите на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб, а надлежните институции не преземаат ништо за решавање на овој сериозен проблем.Митрески кој упати прашање до претседателот на МАПАС, Ремзи Бајрами, посочи дека долгот кон ...

Крива Паланка35 настани · 128 извештаи

Кравите ги седнаа на иста маса Општина Крива Паланка и Министерството за земјоделство, се бара решение — отвора на Скопје1

Проблемот со неконтролираното движење на кравите на територијата на Општина Крива Паланка беше тема на координативен состанок што денеска се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со учество на претставници на повеќе надлежни институции и локалната самоуправа.На состанокот присуствуваа министерот Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…

Поради силниот ветер паднати дрва на неколку патни правци — отвора на Проверено

Силниот ветер којшто дува вечерва веќе предизвика материјални штети. На патниот правец Гостивар-Стража-Кичево кај клучката Гостивар има паднато семафор и канделабра, а на истиот патен правец на неколку места има и паднати дрва на коловозот. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патните правци. Паднато дрво имало и на патниот правец Скопје ...

„Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата“, вели Мециновиќ — отвора на Скопје1

„Влада крвник на сопствениот народ“ – со овие зборови пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, го критикуваше односот на власта кон работниците, посочувајќи дека минималната плата не е зголемена три години, додека интересите на крупниот капитал остануваат заштитени.Одговарајќи на новинарско прашање за новоусвоената Резолуција за миграциска политика за периодот 2026–2030 година, Мециновиќ рече дека…

MPB-ja paralajmëron për grupin e rrezikshëm online “764”: Në shënjestër janë fëmijët dhe të miturit — отвора на TV21

Ministria e Punëve të Brendshme (MPB) u bën apel prindërve, kujdestarëve, mësimdhënësve dhe opinionit të gjerë që të tregojnë kujdes të shtuar ndaj fenomenit të njohur si “764”, një komunitet i dhunshëm online, anëtarët e të cilit shenjtërojnë fëmijët, të miturit dhe personat e tjerë të cenueshëm, me qëllim manipulimin, frikësimin dhe detyrimin e tyre

Приказна19 настани · 26 извештаи

Речиси сите вработени во Антропик сега се милионери — отвора на Проверено

IPO-то на гигантот за вештачка интелигенција Anthropic ги направи огромното мнозинство од своите вработени милионери, некои од нив и повеќекратни милионери. Компанијата имаше 5.300 вработени до септември оваа година, според регулаторните поднесоци. Откако првичната јавна понуда (IPO) ги процени акциите на 83 долари, уделите на околу 600 вработени надминаа 100 милиони долари, според податоците…

Приказна2 настани · 27 извештаи

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во меѓународниот дијалог за глобалните предизвици — отвора на Скопје1

Од Берлин, по завршувањето на настанот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерот Христијан Мицкоски информираше за разговорите посветени на глобалните предизвици и актуелната безбедносна состојба во светот.Во дискусијата учествувале и специјалните преговарачи во процесот за постигнување мир во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп се вклучил телефонски, при што…

Велика Британија28 настани · 81 извештаи

Десет години по Брегзит, ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги подобрат односите — отвора на Бизнис вести

Највисоките претставници на Европската Унија денеска во Брисел ќе се сретнат со британскиот премиер Енди Барнам, во обид да ги подобрат односите десет години по референдумот на кој Велика Британија гласаше за напуштање на Унијата, пренесе ДПА. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Барнам се очекува ...

Алта банка426 настани · 1528 извештаи

Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка: продажбата добива нова димензија — отвора на Рацин

Комерцијална банка АД Скопје објави намера да се вклучи во процесот за купување на Алта банка АД Битола, според објавата достапна на СЕИ Нет, системот за електронски информации за котирани акционерски друштва преку кој котираните акционерски друштва ги објавуваат информациите согласно Правилата за котација на Македонска Берза. Со тоа, постапката за наоѓање нов сопственик на ...

Граѓанска блокада пред Владата денеска во 13 часот против фемицидите и неказнивоста — отвора на ТРН

Активистките и граѓаните денеска, 20 ноември, во 13:00 часот ќе ја блокираат улицата пред Владата на Република Северна Македонија на мирен протест против серијата фемициди и системската неказнивост. Повикот го упати неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ заедно со Платформата за родова еднаквост, откако за неполни три месеци во земјава беа убиени осум жени. Организаторите ја ...

Уапсен 28-годишен скопјанец бидејќи го запалил возилото на мајка му - се заканувал дека ќе го запали и станот — отвора на Скопје Инфо

Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ф.(28) од Скопје. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

Унгарија го повлекува ветото: Украина и Молдавија добиваат зелено светло за продолжување на преговорите со ЕУ — отвора на ТРН

Унгарската блокада на европскиот пат на Украина и Молдавија се приближува кон крајот. Будимпешта денеска ги повлекува приговорите за отворање на последните два преговарачки кластера, потврдиле дипломатски извори. Со тоа на двете земји им се отвора можноста да ги започнат преговорите за сите области од членството во Европската Унија, објави „Еуроњуз“. Одлуката била најавена од ...

Владата досега пласирала 242 милиони евра за поддршка на домашните компании, префрлена нова транша кон Развојната банка — отвора на Независен весник

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии. Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. ...

Руски ракетен напад врз мостовите во Киев – тројца загинати — отвора на Фокус

Цената на златото падна под 3.550 долари за унца за првпат по септември 2025 година. — отвора на Проверено

Цената на фјучерсите за злато со испорака во декември 2026 година на берзата COMEX падна под 3.550 долари за тројска унца за првпат по 2 септември 2025 година, покажуваат најновите податоци од тргувањето.Според извештајот на ТАСС, до 5:12 часот наутро по московско време, цената забележала пад од 5,44 отсто.Наведено е дека цената достигнала 3.538,3 долари ...

Општина Струга најавува присилна наплата на комунална такса за 2024 и 2025 година — отвора на Журнал

Општина Струга информира дека од следната недела ќе почне со присилна наплата за комунална такса за 2024 и 2025 година. – Сите даночни обврзници со неподмирени обврски да го извршат плаќањето на комуналната такса за 2024 и 2025 година, со цел да избегнат дополнителни нотарски и извршителски трошоци, како и пресметување камата на неподмирениот долг, ...

Трамп го смени шефот за кибербезбедност по серијата технолошки колапси во САД — отвора на ТРН

Белата куќа го смени Шон Кернкрос, високиот функционер задолжен за кибербезбедноста на американската федерална влада, само неколку дена по серијата технички дефекти што го парализираа работењето на големи технолошки, банкарски и транспортни системи во САД. Одлуката за неговото разрешување ја потврдила личност блиска до Белата куќа, која за „Ројтерс“ изјавила дека претседателот Доналд Трамп…

„Ѕвониме за децата“ – настан на УНИЦЕФ и Македонската берза за Светскиот ден на детето — отвора на Бизнис вести

УНИЦЕФ и Македонската берза ќе го одбележат Светскиот ден на детето со настанот „Ѕвониме за децата“, со кој ќе биде означен и почетокот на активностите по повод 80-годишнината од основањето на УНИЦЕФ. Настанот ќе се одржи во Дајмонд мол и е дел од глобалната иницијатива „Ring the Bell for Children“, што ја предводат УНИЦЕФ и ...

УКИМ8 настани · 37 извештаи

Законот вели дека државата ја плаќа струјата на УКИМ – зошто се натрупал долг од 500.000 евра? — отвора на ТРН

Државата има законска обврска да ги финансира комуналните трошоци на јавните високообразовни установи, но четири факултети и Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 18 ноември останаа без електрична енергија поради неплатени сметки. Долгот кон ЕВН, според медиумските информации, изнесува околу половина милион евра, а случајот отвора прашање како дошло до натрупување ...

Џинпинг113 настани · 236 извештаи

Одмаздата на Путин пристигна: Ужасен напад врз Украина — отвора на Проверено

РУСИЈА започна масовен ракетен напад врз Киев и други региони низ Украина. Нападот се случи како одмазда за оштетувањето на Кримскиот мост и следеше по серија напади врз центарот на Киев што траеше цел ден. Снабдувањето со електрична енергија и вода беше прекинато во главниот град, а сирените за воздушен напад се огласија во сите ...

Познати противниците за опстанок во Лига Б, жрепката в петок — отвора на Кајгана

Познати противниците за опстанок во Лига Б, жрепката в петок УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/2027 - бараж Филип Здравески 18.11.2026 / 14:36 Фудбал Македонската репрезентација во март ја чека бараж двомеч за опстанок во Лига Б, а противник ќе биде една од четирите второпласирани репрезентации од Лига Ц. Белорусија, Кипар, Фарски Острови или Естонија - тоа се имињата меѓу кои се крие противникот за…

Движењето „Ниту една повеќе“ повикува на протест и блокада пред Владата — отвора на 360 степени

САД потрошиле 48,3 милијарди долари за војната во Иран, не се пресметани штетите врз базите — отвора на Бизнис вести

Трошоците на САД за војната во Иран достигнале околу 48,3 милијарди долари заклучно со 13 ноември, но во сумата не се вклучени штетите предизвикани од иранските напади врз американските воени бази на Блискиот Исток, поради што сенатори побараа од Пентагон да ги објави и тие податоци. Претставникот на Пентагон задолжен за буџетските прашања, Артур Милер, ...

Ѓоковиќ во Холивуд со Де Ниро, Аријана Гранде и Бен Стилер. Новак ќе има кратка улога во „Фокерови“ — отвора на Плусинфо

6 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Рацин

Прашања
Бит Пазар8 настани · 17 извештаи

Малолетничка нападната со тврд предмет од очувот во дом во Бит-пазар — отвора на Скопје1

34-годишен маж пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот очув во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар.Според информациите од МВР, нападот се случил на 16 ноември, а девојчето, според пријавата, било удрено со тврд предмет од очувот Ф.Д.Случајот бил пријавен на 18 ноември, во 22:20 часот, во СВР Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат…

Данка Илиќ7 настани · 14 извештаи

Ме соблекуваа гол, ме гушеа со кеса и ме тепаа додека не признав — отвора на Журнал

Шокантни тврдења одекнаа денеска во Вишиот суд во Неготин, Србија, каде што започна судењето за убиството на двегодишната Данка Илиќ, девојчето кое исчезна на 26 март 2024 година во Бањско Поле кај Бор. Првообвинетиот Дејан Драгијевиќ пред судот ја негираше вината и изнесе тешки обвинувања против полицијата, тврдејќи дека признанието за убиството било изнудено со ...

Нов изглед на детското игралиште зад Универзалната сала, поставени четири тобогани и нови реквизити — отвора на Скопје1

Детското игралиште зад Универзалната сала во општина Центар доби целосно нов изглед. Најмладите жители сега имаат современ и безбеден простор за игра, рекреација и дружење, информира градоначалникот Горан Герасимовски.На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се и нова заштитна подлога и ограда, а обновена е урбаната опрема.…

Хрватска повторно ѝ го блокира патот на Црна Гора кон ЕУ, сега е спорна и енергетиката — отвора на Фактор

Хрватска повторно го забави напредокот на Црна Гора во преговорите со Европската Унија, откако го спречи затворањето на уште едно преговарачко поглавје. Според црногорскиот весник „Вијести“, Загреб на вчерашниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ се спротивставил на затворањето на поглавјето 15, кое се однесува на енергетиката, а повторно го блокирал и…