Најважно во 23 ч, 20 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 23 часот.

ДНК9 настани · 25 извештаи

Ристов: Струјата од Нова година најверојатно ќе поскапи за 2 до 3 отсто — отвора на 360 степени

Ристов рече дека РКЕ подготвува и промени во начинот на пресметување на мрежарината што би значело нејзино...

„Скокна” синдикалната кошница: Колку пари му требаат на едно семејство за преживување? — отвора на Press24

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што е зголемување за 469 денари во споредба со октомври, кога изнесувала 70.358 денари. Дополнително, за семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства достигнуваат 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет и овој месец оди за ...

Приказна4 настани · 26 извештаи

Приведени две малолетнички, кои во Центар малтретирале и снимале друга малолетничка — отвора на Независен весник

Малолетнички малтретирале друга малолетничка во Центар, а притоа и снимале со мобилен телефон. Вчера, во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, ...

Приказна3 настани · 7 извештаи

По секоја пријава за семејно насилство, МВР веднаш ќе го известува Обвинителството — отвора на Скопје1

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите се главните цели на новите мерки договорени меѓу Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика.На работен состанок во Јавното обвинителство, јавниот обвинител Ненад Савески, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална…

Арсовска повторно го обвини Ганиу за криминал и посочи спорна легализација на зграда од пет милиони евра — отвора на Скопје Инфо

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, во објава на социјалните мрежи тврди дека Висар Ганиу поднел тужба за клевета против неа, бидејќи го нарекла криминалец. Во истата објава, Арсовска повторно изнесе обвинувања за наводни незаконски легализации и побара одговорност од надлежните институции.

Луфтханза планира укинување на околу 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен — отвора на 4NEWS

Просечната плата се доближи до 50.000 денари, но не стига за минималната синдикална кошничка — отвора на Bloomberg Adria

Приказна3 настани · 12 извештаи

Николоски: Ќе се реконструира регионалниот пат Струмица -Валандово — отвора на Press24

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт ...

Приказна2 настани · 12 извештаи

Пријавиле индустриска, а увезувале нејодирана сол: Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони — отвора на Скопје1

Царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј внес во земјава е забранет. Неправилноста била откриена при контрола на пратка пријавена како индустриска сол, за која увозникот, инаку производител на храна, доставил изјава дека ќе се користи исклучиво за индустриски цели.При проверката, царинските службеници утврдиле дека станува збор за нејодирана сол, а не…

И Министерството за економија измери раст на цените, но засега нема мерки — отвора на Проверено

Зголемување на месечните трошоци бележи и Министерството за економија кое денеска излезе со податоци за октомври, но засега не планира да интервенира со мерки. Пресметките на Министерството за октомври покажуваат дека просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6 отсто. Најголемо зголемување има кај ...

МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет” — отвора на Press24

Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до родителите, старателите и наставниците за опасноста од онлајн групата „764“, чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, ги манипулираат и ги принудуваат на опасни и насилни дејствија. Од МВР посочуваат дека станува збор за насилна онлајн заедница која користи социјални мрежи, апликации за комуникација и ...

Роналдо повторно “тресеше“: На Португалецот сега му недостигаат уште 14 голови до 1.000! — отвора на SportSport

Нов гол на Кристијано Роналдо, вкупно 986-ти во својата кариера, па така сега е само на 14 голови до исполнување на сонот, а тоа се 1.000 голови. Имено вечерва во меч од 9.коло во шампионатот на Саудиска Арабија, Ал Наср на гостувањето кај Ал Ахли беше поразен со 3:1, но Португалецот го отвори резултатот со ...

ГОБ3 настани · 41 извештаи

Пожар во болницата „8-ми Септември“, во тек е евакуација на пациенти — отвора на 4NEWS

Алта банка431 настани · 1546 извештаи

Лукаревска за 25 ноември го закажа продолжението на надзорната расправа во Собранието за Алта банка — отвора на 360 степени

Седницата, според наведеното, е предвидено да продолжи со сослушувањето на преостанатите повикани сведоци, а точната агенда и...

Унгарија го повлекува ветото: Украина и Молдавија добиваат зелено светло за продолжување на преговорите со ЕУ — отвора на ТРН

Унгарската блокада на европскиот пат на Украина и Молдавија се приближува кон крајот. Будимпешта денеска ги повлекува приговорите за отворање на последните два преговарачки кластера, потврдиле дипломатски извори. Со тоа на двете земји им се отвора можноста да ги започнат преговорите за сите области од членството во Европската Унија, објави „Еуроњуз“. Одлуката била најавена од ...

Џинпинг123 настани · 252 извештаи

Писториус: Разговорите со Путин се неопходни, но не во Москва — отвора на Проверено

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека е неопходно да се водат разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина, но нагласи дека Москва не е соодветно место за такви преговори.Според весникот „Билд“, Германија и Полска планираат дополнително да ја прошират својата воена соработка и до јануари да ...

УНИЦЕФ7 настани · 24 извештаи

УНИЦЕФ: Повеќе од половина од децата до шест години во Македонија не посетуваат градинка — отвора на 4NEWS

Повеќе од половина од децата до шестгодишна возраст во Македонија не посетуваат градинка, предупредија од УНИЦЕФ, повикувајќи на поширок пристап до квалитетно...

Д-р Димитар Ангелевски е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат — отвора на Сакам да кажам

Д-р Димитар Ангелевски е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Д-р ...

Данска спречила атентат организиран од руските тајни служби — отвора на Независен весник

Данските безбедносни служби спречиле обид за атентат врз американско-украински државјанин на територијата на Данска, а властите во Копенхаген тврдат дека зад планираното убиство стојат руските разузнавачки служби. Данската премиерка Мете Фредериксен соопшти дека националната полиција и Службата за безбедност и разузнавање навреме ја откриле и спречиле операцијата, која, според нивните проценки…

Полициска акција во Скопје: Приведени Македонци, Турчин и Американец — отвора на Press24

Пет лица биле лишени од слобода во Скопје во текот на во изминатото деноноќие, откако полицијата кај нив пронашла и одзела прашкасти материи и марихуана. Од СВР Скопје информираат дека станува збор за лица на возраст од 21 до 49 години, меѓу кои тројца македонски државјани, едно лице од Турција и едно од САД. По ...

Приказна2 настани · 11 извештаи

За смртта на Кристијан Љушев во Охрид ќе одговараат две фирми и две лица, оти го држеле “на црно” и без никаква заштита на работа — отвора на Скопје1

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог против две физички и две правни лица поради смртта на работникот Кристијан Љушев, кој на 12 јануари паднал во лифтовско окно во зграда во изградба и починал на самото место.Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, предизвикување општа опасност, повреда на правата од работен однос и непреземање мерки за заштита…

Уапсен е 47 годишник во струшко – кај него е пронајдена бела прашкаста материја — отвора на Фокус

Приказна3 настани · 6 извештаи

Хари Кејн знае кој ќе биде најдобар догодина: „Уште една Златна топка ќе пристигне во Минхен“ — отвора на Спортманија

Хари Кејн смета дека неговиот соиграч од Баерн Минхен, Мајкл Олисе, има квалитети да ја освои Златната топка во 2027 година. „Мајкл е фантастичен фудбалер. Секој ден на тренинзите ги гледаме неговите квалитети и што може да направи на теренот. Без сомнение, тој има сѐ што е потребно за уште една Златна топка да пристигне ...

Москва: Естонија создава нова „Железна завеса“ — отвора на Проверено

Русија денеска ја обвини Естонија за создавање нова „Железна завеса“, откако естонските власти манатиот викенд најавија дека ќе ги затвори сите гранични премини кон Руската Федерација на најмалку шест месеци. „Ваквите потези се обид за воспоставување нова ’Железна завеса‘ под лажен изговор за закана од исток“, соопштија руските власти. Москва се закани дека доколку Талин ...

Приказна3 настани · 6 извештаи

Кредитирањето во Македонија пораснало за 14,3 проценти за една година, депозитите зголемени за 9,3 проценти — отвора на Скопје1

Во октомври продолжи растот на депозитите и кредитите во Македонија, при што кредитната активност на годишно ниво е зголемена за 14,3 проценти, а паричната маса за 8,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Вкупните депозити во октомври бележат месечен раст од 0,5 проценти, додека на годишно ниво се зголемени за 9,3 проценти. Месечниот раст во целост се должи на зголемените…

Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци — отвора на Фактор

Мајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се…

Kurti i bën thirrje Zelenskyt ta njohë Kosovën: Do të demaskohej blofi i Putinit — отвора на TV21

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, i ka bërë thirrje presidentit ukrainas, Volodymyr Zelensky, që ta njohë pavarësinë e Kosovës, duke theksuar se rasti i saj është thelbësisht i ndryshëm nga aneksimi i Krimesë nga Rusia. Teksa ka renditur arsyet mbi këtë, Kurti ka thënë se një njohje e tillë do ta demaskonte blofin e presidentit

Зголемен бројот на заболени од грип — отвора на Нова Македонија

Од 9 до 15 ноември, во 46-тата недела од годинава, во земјава се пријавени 154 случаи на грип и заболувања слични на грип. Тоа е за 37,5 отсто повеќе од претходната недела, кога биле пријавени 112 случаи. Во истата недела од минатата сезона биле регистрирани 117 случаи, што значи дека годинава бројот е повисок за ...

„После толку жртви Тошковски одамна требаше да даде оставка - СДСМ со месеци предупредува“, вели Поповиќ — отвора на Скопје1

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за политичка одговорност поради, како што рече, пропустите во превенцијата, непостапувањето на полицијата и недоволната заштита на жртвите на насилство.Поповиќ истакна дека СДСМ со месеци предупредува за институционални пропусти и неказнивост…

Египет, Авганистан и Судан предничат по бројот на мигранти регистрирани во Македонија — отвора на Скопје Инфо

Авганистанците, Египќаните и Суданците се трите најзастапени националности меѓу мигрантите регистрирани во Македонија во септември.