Најважно во 10 ч, 24 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

Стража9 настани · 42 извештаи

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни — отвора на Бизнис вести

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива без забрани и застои, а сите патни правци во државата се проодни. Намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри има на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека на повисоките места во западните делови од земјата коловозите се влажни, додека ...

Приказна2 настани · 11 извештаи

Пукање во средно училиште во Крагуевац! — отвора на Инфомакс

Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик влегол со, како што се претпоставува, малокалибарско оружје и ранил две чистачки. Како што дознава Н1, ученикот влегол во холот на училиштето околу 8 часот, додека наставата била во тек. Станува збор за ученик во истото училиште. Извор: Н1

Приказна3 настани · 5 извештаи

Утрово се огласи Петре Шилегов: Ниту бил пијан, ниту имало сообраќајка – пропаднал во црна кал — отвора на МКДенес

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, се огласи по информациите и снимките што синоќа се проширија на социјалните мрежи, а кои предизвикаа шпекулации за наводна сообраќајна незгода. Шилегов појасни дека ...

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – ќе се сослушуваат сведоци — отвора на Фокус

Приказна5 настани · 35 извештаи

Нов пад на цената на горивата. Дизелот поевтинува за три и пол денари, а бензините за два денара — отвора на Плусинфо

Алта банка446 настани · 1596 извештаи

СДСМ бара истрага за преземањето на ЗОИЛ Македонија од страна на сопственикот на Алта банка — отвора на Рацин

Опозицијата бара Агенцијата за супервизија на осигурување да одговори дали ја преиспитала согласноста за квалификувано учество на Давор Мацура и дали се преземени мерки за заштита на осигурениците. СДСМ бара институционална проверка на преземањето на осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија од страна на Давор Мацура, посочувајќи дека јавноста треба да добие одговори за финансиската стабилност на ...

Денеска сончево, но студено – утринските температури до -5 степени — отвора на Скопје1

Денеска времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде засилен долж Повардарието.Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 12 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен…

Nvidia106 настани · 203 извештаи

Трамп купувал и продавал акции на Нвидија: Откриени трансакции вредни до 1,56 милиони долари — отвора на ТРН

Американскиот претседател Доналд Трамп купувал и продавал акции на технолошката компанија Нвидија, покажуваат официјалните финансиски документи објавени од американската Канцеларија за владина етика (ОГЕ). Објавувањето на податоците доаѓа откако високи претставници на Демократската партија претходно го обвинија Трамп дека ги става сопствените финансиски интереси пред националната безбедност на…

Неофицијална средба Рама – Филипче — отвора на 24 Вести

Приказна2 настани · 8 извештаи

Мицкоски: Ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори ќе ја поддржиме и одиме на избори — отвора на Press24

Дали ќе има предвремени избори, јас денеска кажав – Ние имаме редовни избори на пролет 2028-ма година, но доколку има некаква иницијатива од здружената опозиција, ние сме подготвени да ја поддржиме таа иницијатива, рече премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма. -Смешно е воопшто да ме прашувате дали има некаков договор со ДУИ поврзан ...

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници — отвора на Нова Македонија

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој биле нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност. – Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека…

Приказна3 настани · 12 извештаи

Вучиќ најави штрајк со глад „доколку се обидат да го уапсат“, добил и порака дека ќе биде ликвидиран — отвора на Либертас

Шефот на пратеничката група на СНС во Собранието на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе започне штрајк со глад доколку се обидат да го уапсат. Тој тврди дека во тој случај милион луѓе би излегле на улица и нема намера да се крие или да избега. Вучиќ го изјави ова за време на гостувањето на ...

Приказна10 настани · 30 извештаи

Раскол на УКИМ, шест студентски собранија ги повлекуваат делегатите — отвора на Рацин

Шест факултетски студентски собранија најавија повлекување на своите делегати од Универзитетското студентско собрание на УКИМ, оспорувајќи ја легитимноста на неговиот сегашен состав. Бараат преиспитување на мандатите и нова, транспарентна постапка за конституирање на собранието. Зад соопштението стојат студентските собранија на ФЕИТ, ТМФ, ФИНКИ, ФДУ, ФЛФ и ФФОСЗ. Според нив, верификацијата на…

Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии — отвора на Журнал

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје, извести Комунална хигиена-Скопје. „Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество ...

Левица: Скандалозен е обидот на Јаневска да се амнестира од одговорност — отвора на Кајгана

Левица: Скандалозен е обидот на Јаневска да се амнестира од одговорност Александра Спасеска 24.11.2026 / 08:01 Македонија „Скандалозни размери добива ароганцијата со која министерката Јаневска го третира студентскиот стандард. Во телевизиско гостување, Јаневска практично најави дека Министерството за образование ќе продолжи да ја игнорира законската обврска за усогласување на студентскиот оброк…

ЕУ воведува ограничување за плаќање во готовина: Што значи ова за граѓаните во Македонија? — отвора на Фактор

Од 10 јули 2027 година, во Европската унија ќе почне да се применува заедничко ограничување за готовинско плаќање на стоки и услуги до најмногу 10.000 евра. Новите правила треба да го отежнат перењето пари и финансирањето тероризам, а особено ќе се одразат врз купувањето поскапи автомобили, мебел и други производи кај трговците. Сепак, за граѓаните на Хрватска постои важна разлика: домашниот…

Pas reagimit të këshilltarëve shqiptarë, tabela në parkun “Oaza e Butelit” vendoset edhe në gjuhën shqipe — отвора на Shenja

Tabela në hyrje të parkut “Oaza e Butelit”, në Komunën e Butelit, tashmë është vendosur

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Alsat

Прашања
Приказна3 настани · 15 извештаи

Детскиот дом „11 Октомври“ одбележа 80 години грижа за децата без родители — отвора на Скопје1

Со осум децении посветена работа и грижа за децата без родители и родителска грижа, Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ одбележа значаен јубилеј. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски.Ѓорѓиевски им оддаде признание на генерациите воспитувачи и стручни работници кои низ годините им обезбедувале грижа…

Кремљ ги отфрли тврдењата за руски нуклеарен сателит „Има многу шпекулации во западните медиуми“ — отвора на Плусинфо

Бенгази13 настани · 34 извештаи

Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз руската корвета: „Нашата територија не била лансирна точка“ — отвора на Инфомакс

Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот со поморски дрон врз руска воена корвета во либиското пристаниште Бенгази бил изведен од нејзина територија. Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека земјата немала никаква вмешаност во инцидентот и дека нејзината територија не била користена ниту ставена на располагање за лансирање или овозможување на нападот. ...

Приказна10 настани · 11 извештаи

Историски пораст на акциите по враќањето на Хуанг на чело на „Нвидија“ — отвора на Независен весник

Американските берзи забележаа силен раст по веста дека Јенсен Хуанг се враќа на позицијата извршен директор на „Нвидија“ (Nvidia). Неговото враќање повторно го поттикна интересот на инвеститорите во секторот за вештачка интелигенција и ја подигна вредноста на главните берзански индекси, кои минатата недела завршија со намалување за повеќе од 10 отсто од неодамнешните највисоки нивоа, ...

Две лица загинаа, најмалку 22 се повредени во руски напад на Запорожје — отвора на 360 степени

Еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм објави дека меѓу...

Манчевски со дури два филма истовремено по светски фестивали – „сестра, брат и шахта“ во Белград, а „добри луѓе“ во Торино — отвора на Бизнис вести

Синоќа белградската публика на популарниот „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија, проф д-р ...

Приказна3 настани · 7 извештаи

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година — отвора на Бизнис вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени вкупно 400 амандмани од овластени предлагачи. На вчерашното продолжение на седницата беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата. Дел од нив се однесуваа на обезбедување дополнителни ...

Приказна5 настани · 15 извештаи

Филипче до Рокас: Ни треба помош од вас да ни кажете дали има предавство зад уставните измени — отвора на 360 степени

Лидерот на СДСМ обвини дека со години се шири антиевропски наратив, вклучително и преку медиуми поврзани со...

Европските резерви на природен гас на историски минимум: За три недели потрошени 5,1 милијарди кубни метри — отвора на Бизнис вести

Европа се соочува со сериозен предизвик во снабдувањето со природен гас, откако залихите во подземните складишта почнаа да се намалуваат со рекордно темпо. Во првите три недели од грејната сезона биле повлечени 5,1 милијарди кубни метри гас, што дополнително ја зголемува загриженоста за енергетската безбедност во претстојните зимски месеци. Податоците на организацијата Gas Infrastructure Europe…

Западен Балкан19 настани · 64 извештаи

Муцунски утре на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во Атина, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување…

Таравари не си оди од лидерската позиција во Алијанса за Албанците за членството да не падне во депресија — отвора на Фокус

Претседателот на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари размислува дали да ја напушти лидерската функција во партијата,...

Приказна5 настани · 6 извештаи

Во Флорида утре средба Трамп – Руте — отвора на Инфомакс

Претседателот на САД, Доналд Трамп утре во Флорида ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти Белата куќа. Средбата ќе се одржи по минатонеделните средби на Трамп со рускиот и кинескиот претседател, Владимир Путин и Шји Џинпинг. Средбата Трамп – Руте ќе се одржи и во услови кога Европа се обидува да ...

Утре седум часа ќе нема струја – Проверете каде се најавени исклучувања — отвора на Press24

Најавени се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, вторник (24.11.2026 година), на подрачјето на општините Петровец и Гази Баба. Во реонот на Петровец и Катланово, без струја ќе бидат потрошувачите од улица 1 во Катланово, во периодот од 8:00 до 15:00 часот. Прекинот е поради замена на три столбови на извод 1 ...