Најважно во 10 ч, 21 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

Свети Архангел Михаил10 настани · 21 извештаи

Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот — отвора на Press24

Православните верници утре, 21 ноември, го одбележуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Овој празник е посветен на Светиот Архангел Михаил и на сите небесни сили, а во православната традиција има посебно место како ден на духовната заштита, верата и борбата против злото. Свети Архангел Михаил се смета за предводник на ...

Под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“ во сабота граѓаните во Охрид излегуваат на протест против насилството врз жените — отвора на Скопје1

Со порака дека е доста од молчење, оправдувања и институционално непостапување, во Охрид за 21 ноември е најавен мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство.Протестот ќе се одржи во сабота, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“. Повод за собирот се загриженоста и револтот поради насилството врз жените, но и неодамнешниот случај што ја…

ДНК9 настани · 31 извештаи

Ристов: Струјата од Нова година најверојатно ќе поскапи за 2 до 3 отсто — отвора на 360 степени

Просечната плата се доближи до 50.000 денари, но не стига за минималната синдикална кошничка — отвора на Bloomberg Adria

Приказна3 настани · 7 извештаи

По секоја пријава за семејно насилство, МВР веднаш ќе го известува Обвинителството — отвора на Скопје1

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на жртвите и поефикасно гонење на сторителите се главните цели на новите мерки договорени меѓу Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика.На работен состанок во Јавното обвинителство, јавниот обвинител Ненад Савески, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална…

Почна амандманската расправа по предлог-буџетот за 2027 година во матичната Комисија — отвора на Бизнис вести

Почна амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на Собраниската комисија за финансирање и буџет. Пратениците разгледаа 15-тина од предложените 400 амандмани. Комисијата ќе продолжи со работа по паузата од 1 час, на барање на пратеничката Јованка Тренчевска. Ниту еден од разгледаните амандмани не беше прифатен. Опозициската СДСМ преку амандман предложи зголемување на минималната…

Алта банка432 настани · 1549 извештаи

Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка: продажбата добива нова димензија — отвора на Рацин

Комерцијална банка АД Скопје објави намера да се вклучи во процесот за купување на Алта банка АД Битола, според објавата достапна на СЕИ Нет, системот за електронски информации за котирани акционерски друштва преку кој котираните акционерски друштва ги објавуваат информациите согласно Правилата за котација на Македонска Берза. Со тоа, постапката за наоѓање нов сопственик на ...

„Скокна” синдикалната кошница: Колку пари му требаат на едно семејство за преживување? — отвора на Press24

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што е зголемување за 469 денари во споредба со октомври, кога изнесувала 70.358 денари. Дополнително, за семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства достигнуваат 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет и овој месец оди за ...

Луфтханза планира укинување на околу 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен — отвора на 4NEWS

УНИЦЕФ8 настани · 28 извештаи

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија. Потребни се дополнителни 19.000 места во градинките до 2032. година — отвора на Плусинфо

Од денеска ЕУ забранува извоз на пластичен отпад во Македонија – мерката најмалку до 2029 година — отвора на Фактор

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во останатите земји што не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Забраната ќе важи најмалку до 21 мај 2029 година, а го опфаќа и чистиот, неопасен пластичен отпад наменет за рециклирање. Тоа значи дека компаниите од ЕУ повеќе нема да можат да испраќаат ваков отпад во…

МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет” — отвора на Press24

Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до родителите, старателите и наставниците за опасноста од онлајн групата „764“, чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, ги манипулираат и ги принудуваат на опасни и насилни дејствија. Од МВР посочуваат дека станува збор за насилна онлајн заедница која користи социјални мрежи, апликации за комуникација и ...

Приказна4 настани · 26 извештаи

Приведени две малолетнички, кои во Центар малтретирале и снимале друга малолетничка — отвора на Независен весник

Малолетнички малтретирале друга малолетничка во Центар, а притоа и снимале со мобилен телефон. Вчера, во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, ...

Приказна4 настани · 4 извештаи

Антонели најбрз во квалификациите во Лас Вегас, но Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата — отвора на Спортманија

Италијанскиот возач од Мерцедес и нов Формула 1 шампион за 2026, Андреа Кими Антонели, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас. Сепак, иако беше најбрз, младиот Кими нема да биде на пол-позиција на стартот на главната трка, туку ќе стартува од шестата позиција поради казна за замена на компоненти на погонската единица. Второто место ...

Џинпинг124 настани · 261 извештаи

Трамп: Иранците се луди, разговаравме со Путин и Си како да немаат нуклеарно оружје — отвора на Независен весник

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот состанок со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин поминал во атмосфера на „одлична енергија“. Тој рече дека тројцата лидери разговарале за неширење на нуклеарното оружје. „Разговаравме за потребата да работиме заедно за да го спречиме ширењето на оваа нуклеарна закана низ целата наша планета. ...

Полицајци во Белград кршеле прозорци за да извлечат заробени возачи од потопените автомобили — отвора на Фокус

“>Двајца полициски службеници ризикувале сопствената безбедност за да спасат луѓе заробени во автомобили кои речиси целосно биле...

Филм Фестивал14 настани · 47 извештаи

Фестивалот на грчки филм во Скопје годинава во знакот на женското режисерско творештво — отвора на Независен весник

Под мотото „Женски поглед: филм по нејзина мерка“, од 25 до 27 ноември во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје, кое годинава во целост е посветено на женското филмско авторство. Програмата опфаќа три долгометражни и два краткометражни филма на грчки режисерки од различни генерации, а ...

Nvidia82 настани · 148 извештаи

Истрага за улогата на Nvidia во нелегалниот извоз на чипови во Кина — отвора на Иновативност

Членовите на Демократската партија на Претставничкиот дом на САД започнаа истрага за тоа дали компанијата Nvidia влијаела врз активностите на Министерството за трговија на САД во истрагата против сингапурската компанија Megaspeed, осомничена за нелегално пренасочување на чипови во Кина. Во писмо упатено до министерот за трговија Хауард Лутник на 19 ноември, тие побараа објаснување дали ...

Ѓорѓиевски: По години негрижа, исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“ — отвора на Скопје1

Подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“, денеска бил темелно исчистен од екипите на Град Скопје, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Како што посочи Ѓорѓиевски, подвозникот со години бил запоставен, а неговото чистење е важно не само за уредувањето на јавниот простор, туку и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот предупреди дека…

Приказна2 настани · 10 извештаи

Ќе се ограничат ли маржите на основните прехранбени производи? — отвора на Инфомакс

Владата размислува за ограничување на маржите на основните прехранбени производи како мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова од Берлин го најави премиерот Христијан Мицкоски, а министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, потврди дека станува збор за едно од можните решенија што ќе се разгледуваат на наредната владина седница. Тој посочи дека ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Обука за македонските здравствени работници во Едрене — отвора на Press24

Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години. Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот ...

Приказна4 настани · 7 извештаи

Кредитирањето во Македонија пораснало за 14,3 проценти за една година, депозитите зголемени за 9,3 проценти — отвора на Скопје1

Во октомври продолжи растот на депозитите и кредитите во Македонија, при што кредитната активност на годишно ниво е зголемена за 14,3 проценти, а паричната маса за 8,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Вкупните депозити во октомври бележат месечен раст од 0,5 проценти, додека на годишно ниво се зголемени за 9,3 проценти. Месечниот раст во целост се должи на зголемените…

Зголемен бројот на заболени од грип — отвора на Нова Македонија

Од 9 до 15 ноември, во 46-тата недела од годинава, во земјава се пријавени 154 случаи на грип и заболувања слични на грип. Тоа е за 37,5 отсто повеќе од претходната недела, кога биле пријавени 112 случаи. Во истата недела од минатата сезона биле регистрирани 117 случаи, што значи дека годинава бројот е повисок за ...

Иран сака договор за крај на војната, Трамп ги отфрла условите на Техеран — отвора на ТРН

Иран се надева на дипломатско решение за завршување на војната со САД, но преговорите остануваат неизвесни поради различните позиции на двете страни. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, порача дека Техеран сака договор што ќе гарантира дека конфликтот нема повторно да се случи, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека условите што ги предлага ...

Зимата на Балканот доаѓа во третата декада на ноември: Температурите паѓаат под нулата — отвора на Фактор

Од понеделник, 23 ноември, Македонија и Балканот би можеле да влезат во значително постуден период, со пад на температурите и појава на утрински мраз. Метеорологот Славчо Попоски во објава на Фејсбук посочи дека ова би можел да биде првиот посериозен студен бран во пресрет на зимата. Според неговата првична прогноза, студениот воздух од север би донел заладување на почетокот на следната седмица…

Европа има растечки проблем со домувањето. Земјите воведуваат различни мерки. — отвора на Проверено

ВО МНОГУ европски земји станува сѐ потешко да се најде место за живеење, при што цените на недвижностите и кириите растат побрзо од приходите. Владите се обидуваат да ја ублажат кризата со домувањето со различни мерки, од ограничување на кириите до поттикнување на изградбата на нови станови. Според податоците на Евростат, цените на недвижностите во ...

Приказна9 настани · 40 извештаи

Променливо облачно време со дожд, од понеделник заладување и снег на планините — отвора на Скопје1

Во утринските и претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно, при што повремен дожд се очекува претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намали, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен, со брзина над 60…

Британците побрзи од хакерите – Фрижидерите за храна во супермаркетите спасени на наједноставниот начин — отвора на Фокус

Додека хакери низ Европа ги претвораа фрижидерите во печки и уништуваа храна, британските експерти започнале тајна операција...

Приказна3 настани · 8 извештаи

Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“: Кривична пријава против четворица турски државјани — отвора на Булевар

Четворица турски државјани добија кривична пријава под сомнение дека се обиделе да изнудат пари од свој сонародник, по што било запалено возило во сопственост на неговата сопруга во Штип. Според Министерството за внатрешни работи, пријавените најпрво барале 100.000 евра и му се заканувале на оштетениот и на неговото семејство. Откако тој одбил да ги даде ...

Конгресот37 настани · 58 извештаи

Трамп најавува вето на предлог-законите на демократите кога тие ќе ја преземат контролата врз Конгресот — отвора на Проверено

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе стави вето на законските предлози на демократите, доколку таа партија ја преземе контролата врз Конгресот во 2027 година. Сепак, тој напомена дека можноста за претседателско вето би можела да послужи како појдовна точка за постигнување компромиси и донесување закони со поддршка од двете партии.Говорејќи на прес-конференција ...